| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци секоја ноќ ќе останува без вода

Поради постојаното зголемување на потрошувачката на вода предизвикано од високите температури во Кавадарци е воведена рестрикација на водата за пиење, информираше денеска раководителот на работната единица Водовод и канализација од Јавното комунално претпријатие, Марјан Прескакулев.

– Станува збор за контролирана редукција од еден до пет часот по полноќ. Целосно запирање на водата нема да има за најголем дел од граѓаните. Тие ќе се соочат со намален притисок на вода за пиење во чешмите. Целосен прекин во водоснабдувањето во траење од час до два часа е можен само кај оние кои живеат во повисоката зона во градот или на повисоките катови во станбените згради, изјави Прескакулев.Апелираше на разумно трошење на водата. Состојбата, според Прескакулев се следи постојано и ќе се реагира соодветно се со цел вода да има рамномерно за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top