| четврток, 6 декември 2018 |

Момче тешко повредено во сообраќајка, итно пренесено на скопските клиники

Дваесет и едно годишниот А.Д. од гостиварско Дебреше е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат село Градец – Гостивар.

А.Д. управувајќи автомобил „Рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во бетонска бандера.

-Возачот со друго возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top