| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во скопско: Со возило поминал низ бадникарски оган и прегазил две лица!

И.П. од село Кучевиште синоќа околу 1:40 часот во скопско Мирковци на место каде по повод Бадник имало запалено оган на кој биле присутни повеќе граѓани, им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази.

-Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од Мирковци. И.П. избегал во непознат правец- информираат од полицијата.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top