Фредзанија била згазена од воз, а за работата да биде уште потрагична, несреќната девојка била бремена.
Хаками Стивенсон, мајка на несреќната девојка, вели дека нејзината ќерка одлучила да паузира со училиштето за да се посвети на кариерата како модел.
Очевидци велат дека Фредзаниа стоела помеѓу два колосека, кога од едната страна доаѓал воз. Се префрлила на другиот колосек за возот да мине, но не забележала дека пристигнува воз и другата страна.
Починала на пат до болница.
Лицето кое ја фотографирала Фредзанија не е повредено.
Портпаролот на “Union Pacific”, компанија чиј воз ја удрил бремената девојка, вели дека машиновозачот се обидел да сопре, и да ја вклучи сирената кога ја видел девојката на шините, но дека било предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.