| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасен пад на ѕвездата на Фенербахче по забивање, мораше на носилки да биде изнесен од салата (Видео)

Тимот на Фенербахче ја победи Басконија со 79:74, но резултатот остана во втор план и тоа поради ужасниот пад на ѕвездата на домашниот тим Џејмс Нанили.

Тој во третиот период се обиде атрактивно со забивање да ја заврши акцијата со тоа што откако се обеси на обрачот имаше катастрофален пад по кој сите актери и публиката во Истанбул останаа без глас. Сите во тишина чекаат да видат што ќе се случи со него, по што тој на носилки беше изнесен од теренот.

Според првичните информации, се е во ред со Нанали, бил свесен и зборувал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top