Словенија со сигурност треба да побара законска постапка против Хрватска во врска со нејзиното одбивање да ја спроведе одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар.
Обраќајќи се пред словенечките дипломати, Церар изрази задоволство од односите со соседите, но истакна дека односите со Хрватска претставуваат најголем предизвик.
Двете соседни земји имаат спор за границата на неколку места, откако се одделија од Југославија во 1991 година. Најголемиот спор е околу Пиринскиот залив на Јадранско Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.