| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица тешко повредени во сообраќајка во тетовско

soobrakajka

Возач престигнувајќи друго возило на патот Тетово – Волковија, изгубил контрола и удри во бетонски столб и се превртел при што тој и уште тројца патници се тешко повредени.

Несреќата се случила утрово околу 7 часот кога се превртело „Поло“ со тетовски регистерски таблици управувано од 55-годишниот Џ.С од село Гајре, тетовско.

Тетовската полиција информира дека Џ.С. престигнувајќи друго возило загубил контрола, удрил во дел од бетонската ограда на мостот и два пати се превртел, а потоа повторно застанал на тркала. Од превртувањето еден од сопатниците Р.Б (48) од Орашје задобил сериозни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовскиот клчинички центар итно е пренесен на скопските клиники.

Возачот и другите двајца сопатници, Н.Е (53) од Требош и Ш.Б (45) од Орашје задржани се во тетовскиот Клинички центар, изјави Јосифовски. Причинета е и материјална штета од 1.700 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top