Фудбалерот на Ливерпул и германски репрезентативец Емре Џан во новата сезона најверојатно ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Италија, Јувентус.
Џан во моментов ги одработува последните шест месеци од договорот со Ливерпул, што значи дека има право да преговара со други екипи бидејќи во јуни ќе биде слободен играч.
Според италијански „Скај Спорт“, тој веќе постигнал договор со Јувентус, а потврда за тоа е фактот што тој не сакаше да потпише нов договор со „црвените“.
Џан на „Енфилд“ во 2014 година дојде од Баерн Леверкузен, а за Ливерпул има одиграно 106 натпревари и постигнато осум голови, од кои четири сезонава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.