| четврток, 6 декември 2018 |

Котевски директор на затворот во Шутка, Еркечов на Градежен инспекторат

Ѓоко Котевски е новиот директор на Скопскиот истражен затвор во Шутка, а Боре Еркечов на Градежниот инспекторат.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, за пополнување на раководните места во останатите институции ќе се одлучува на наредната седница на Владата во вторник.

Котевски доаѓа во „Шутка“ од Управата за водење матични книги при Министерството за правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top