| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за грчката „Алфа ТВ“: Не се согласувам со ставот дека Скопје е единствениот наследник на Александар Велики

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „Алфа ТВ“ изјавил дека не се согласува со ставовите на претходните македонски премиери дека Скопје е единствен наследник на Александар Велики.

-Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот претходик Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на претходните премиери дека ‘Скопје е единствен наследник нa Александар Велики-, објавено е на веб-страницата на телевизијата во најавата за интервјуто.

Во интервjуто, како што е објавено на веб-страницата, Заев ја повторил намерата да придонесе во преговорите меѓу двете земји, со реципрочни отстапки, за името на ФИРОМ.

-Обраќајки им се и на грчкиот и на македонскиот народ, Заев вели дека во интерес на двете земји е да се најде решение во првата половина од 2018 година – објави „Алфа ТВ“.

Според најавата, Заев во првото интервју за грчки медиум, зборувал и за Алексис Ципрас и за заедничките интереси на Грција и Македонија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top