| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени снимки од земјотресот кој се почувствува и во Македонија (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 11:46 часот во Скопје и северозападна Македонија.

Црногорските медиуми известија дека земјотресот предизвикал паника кај граѓаните, а по социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетени градби.

Настанати се и бројни материјални штети, како што се пукнатини на ѕидовите и одронувања на фасади. Во прв момент граѓаните на Подгорица биле надвор од своите домови, но откако потресот не се повторил тие безбедно се вратиле во своите живеалишта.

Четири семејства кои живеат во село најблиску до епицентарот ги напуштиле домовите, поради тоа што нивните куќи биле стари и оштетени, а земјотресот предизвикал уште поголеми оштетувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top