| четврток, 6 декември 2018 |

Нова шанса во Бундес лигата: Јувентус го позајми Марко Пјаца во Шалке

Младиот хрватски напаѓач, Марко Пјаца вториот дел од сезонава ќе го мине во Бундеслигата во дресот на Шалке 04, откако Јувентус им го отстапи на Германците. Пјаца налето сигурно ќе се врати во Торино, бидејќи клубот од Гелзенкирхен нема право на откуп.

Напаѓачот веќе неколку недели тренира со полн интензитет и во пресрет на Светското првенство во Русија, потребни му се минути за да се наметне кај селекторот Далиќ. Јувентус ќе добие еден милион евра, со можност за уште половина милион, ако Хрватот одигра одреден број на натпревари и постигне што е можно повеќе голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top