| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри: Пјаца би можел да биде новиот Дејан Савичевиќ

alegri i pjaca

Фудбалерот на Јувентус, Марко Пјаца се повеќе ги освојува симпатиите на тренерот на Јувентус, Макс Алегри. Италијанскиот стратег на клупата на „старата дама“ Хрватот го спореди со еден од најдобрите фудбалери, кои играле на Апенините, Дејан Савичевиќ.

На вчерашниот натпревар со Порто, Пјаца на теренот влезе на стартот на вториот дел како замена за Хуан Квадрадо.

– Квадрадо имаше жолт картон, па се одлучив да го извадам од игра. А зошто Пјаца? Тој е млад фудбалер кој со макотрпна работа би можел да тргне по стапките на Дејан Савичевиќ. Само мора да научи една работа, дека и одбраната е подеднакво важна за тимот – смета Алегри.

21-годишниот Пјаца минатото лето во тимот на Јувентус се пресели од Динамо Загреб и од тогаш запиша 16 натапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top