Марко Пјаца е на добар пат да ја продолжи кариерата во редовите на Милан откако „росонерите“ се договорија со Динамо Загреб околу висината на трансфер на одличниот офанзивен фудбалер. Останатите клубови нудеа по 15 милиони евра за Пјаца, но Адријано Галијани дојде во Загреб и остави понуда што не се одбива, 20 милиони евра при потписот и дополнителни пет милиони преку најразлични клаузули.
„Модрите“ без премногу размислување ја прифатиле понудата, па сега останува само уште фудбалерот да ги договори личните услови за овој трансфер да се финализира. Пјаца веќе го одби Наполи, но се очекува да ја прифати понудата на Милан, пред се поради амбициозноста на проектот на„росонерите“ кои најавуваат уште најмалку четири-пет квалитетни засилувања, се со цел овој клуб што поскоро да се врати на врвот на италијанскиот фудбал.
Доколку Пјаца ги договори личните услови во следните неколку дена, тој ќе замине за Милано на потпис на договорот, што би значело дека нема да игра за Динамо Загреб во двомечот од квалификациите за ЛШ против македонскиот првак Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим