| четврток, 6 декември 2018 |

Организирале луксузна свадба, почнал првиот танц, а она што следувало, ги шокирало сите!

Гостите на венчавката на Дани (19) и Кара Маунтфорд (18) во Англија славеле без младенци, бидејќи на бремената невеста и пукнал водењакот за време на првиот свадбен танц.

Парот после неколку танцувачки чекори ја напуштил салата и со такси на почекот на славењето на 18 декември побрзале во болница каде рано наредното утро се родила нивната ќерка Јасмин.

-Во еден момент ирав со мојот маж, а во друг ја раѓав нашата ќерка. Беше тоа големо изнендаудвање, но денот на венчавката така беше посебен. Додека игравме почувствував дека нешто ми тече низ ногата. Во венчаницата бев се додека  не ме одведоа во болничката сала. Целата беше натопена со плодова вода- раскажала невестата.

Свадбената веселба парот ја напуштил околу 22.30 часот, но останатите гости останале да се честат.

-Не успеавме да ја пресечеме свадбената торта, но Јасмин е добро и таа дефитивно е најубавиот свадбен подарок кој го добивме- рекла невестата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top