| четврток, 6 декември 2018 |

Германка дома чувала две мртви бебиња во ладилник

Една Германка чувала мртви бебиња во домашниот ладилник, јавуваат светските медиумите. Монструозно злосторство го пријавил пријателот на Штефи С. (46) од градот Бендорф. Нејзиниот пријател со кого Штефи 20 години била во врска пријавил во полицијата дека во ладилникот има тело на замрзнато бебе. Кога дошла полицијата, утврдила дека има две бебешки тела. Жената – монструм има 15 годишна ќерка и 20 годишен син.

Според полицијата, бебешките тела подолго време биле во ладилникот. Таа работела како негувателка, а веќе една година била на боледување .

Полицијата не соопштува дали бебињата биле замрзнувани живи или мртви. Претпоставуваат дека биле убиени и најавуваат информации по обдукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top