| четврток, 6 декември 2018 |

Знаат ли што прават: Русите реновираа стадион за СП 2018 на најчудниот можен начин (ФОТО+ВИДЕО)

Според правилата на ФИФА стадиoните за светско првенство во фудбал мора да имаат капацитет од најмалку 35 илјади места, па Русите, кои се домаќини на светското првенство годинава, прошируваат некои објекти.

Така, стадионот во Екатерининбург морало да доживее драстични промени за да може на него да се игра СП. Токму реконструкцијата на овој стадион е извршена на најчудниот можен начин.

Централниот стадион имал капацитет од 27 илјади места, а Русите го достигнале потребниот капацитет, така што новата трибина со 18.000 места кои му недостасуваат на стадионот „Екатерининбург арена“, е направена надвор од стадионот.
И тоа не е се – освен таа една „надворешна“ трибина, архитектите додале уште една таква, па арената сега има несекојдневни јужна и северна трибина.

Трибините кои штрчат ќе се користат само за шампионатот, а по натпреварите ќе бидат отстранети, а стадионот ќе има 23.000 места.

На овој стадион ќе се одиграат четири натпревари од групната фаза на СП: Египет – Уругвај, Франција – Перу, Јапонија – Сенегал и Мексико – Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top