| четврток, 6 декември 2018 |

Не е случајно толку јака: Оваа песна ја напишал психијатар, а Манда го погребаа со неа (ВИДЕО)

Иако повеќето на прва ќе помислат дека единствено заедничко за песните “Несаница” од филмот “Ивкова слава” и “Лејла”, што ја преставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија минатата година која ја отпеа Хари Мата Хари се напишани од Жељко Јоксимовиќ, тоа не е точно.

Иако повеќето на прва ќе помислат дека единствено заедничко за песните “Несаница” од филмот “Ивкова слава” и “Лејла”, што ја преставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија минатата година која ја отпеа Хари Мата Хари се напишани од Жељко Јоксимовиќ, тоа не е точно.

Текстот за овие песни го напиша Дејан Ивановиќ, доктор во Ваљевскиот центар за здравствена заштита, специјализирал психијатрија. Истото ваљевско дуо ја направи песната “Оро” за Јелена Томашевиќ, која оваа година ја претставуваше Србија на Евровизискиот натпревар.

Додека за Жељко Јоксимовиќ речиси сите знаем есе, лекарот кој ја презеде улогата на текстописец Дејан Ивановиќ речиси воопшто не се пишуваше.


Дејан Ивановиќ, психијатар и текстописец
Со кого (освен со Јоксимовиќ) најдобро сте соработувале и кого би сакале да ги интерпретира вашите стихови?

“Ми се допаѓа кога моите песни се испеани од некој што знае како тоа функционира и на кого и во иднина ќе му се радувам. Значи, мило ми е што освен Жељко пееше на пример Јелена Томашевиќ, Милена Вучиќ, Хари Варошановиќ. Со соработниците секогаш сум ја имал позитивно искуство. Имав голема желба некои од моите песни да ги пее Тоше Проески, и мојата желба се исполни преку песната “Несаница” која Жељко ја аранжираше за филмот “Ивкова слава”. Тоа беше чест и задоволство, особено кога знам дека и на Тоше му беше омилена песна”, изјави Дејан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top