| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетиот за убиство Македонец во Белград ќе се брани од слобода

Македонецот Сашко Богески кој што на 21 мај во самоодбрана гo уби провалникот Владимир Маниќ во својот стан во белградската населба Жарково е пуштен да се брани на слобода.

Сашко е пуштен на слобода по предлогот за укинување на неговите бранители иако на него се противеле и истражниот судија и обвинителството.

Со тоа барем привремено победи одбраната на Сашко и повеќе од 40,000 луѓе кои во повеќе српски градови се потпишаа на петицијата за негово ослободување. 

„Заспав по ручекот кога дојдоа и ми рекоа дека можам да си одам. Не верував дека тоа е вистина. Конечно сум со своето семејство за да надокнадам за изгубеното време“,  низ солзи за весникот Блиц изјавил Богески.

„Им благодарам на сите пријатели и на старите но и на новите 40,000, би сакал сите да ги запознаат. Сакам да се заблагодарам на сите медиуми и на сите луѓе кои застанаа во моја одбрана.

Богески кој по месец дена ја гледа својата ќерка мора секој први во месецот да се јавува во полиција и не смее да ја напушта Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top