| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан ја нападнал сопругата со стаклено шише, а потоа пукал во воздух

Пијан сопруг ја малтретирал сопругата, фрлил кон неа со стаклено шише и ѝ ја повредил раката, а потоа испукал куршуми во воздух.

Дваесет и двегодишната С.Н.П. од село Петровец пријавила дека на 31 декември минатата година, била на гости кај кумовите, кога дошол 23-годишниот А.П. и се обидел со сила да ја натера да замине од таму.

Бил агресивен и под дејство на алкохол, а таа одбила да си замине, по што тој фрлил стаклено шише кон неа и ја удрил по рака. Малку подоцна, С.Н.П. заедно со своите родители, се упатила во својот дом за да земе некои лични работи. Додека била внатре во куќата, слушнала неколку истрели од огнено оружје и кога излегла, родителите ѝ кажале дека А.П. испукал неколку куршуми во воздух. Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top