| четврток, 6 декември 2018 |

(видео) 100 000 евакуирани од Олимписко Калгари

STORM DAMAGE 20110805100 илјади жители од Калгари и околината на овој канадски град се евакуирани поради поплави по надоаѓање на реките Боу и Елбоу по поројните дождови.
Градоначалникот ги повика граѓаните да земат само она што им е најпотребно и да ги напуштат домовите на неколку дена. Полицијата и војската се на нозе, патролираат низ градот и со мегафони повикуваат на евакуација.
Поројните дождови предизвикаа и затворање на патиштата и мостовите во покраината Алберта, но нема вести за жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top