| четврток, 6 декември 2018 |

Алигатор скокна на брод, туристите врескаа од страв (видео)

На социјалната мрежа Фејсбук објавено е видео на кое може да се види како алигатор се качува на брод полн со туристи во Флорида.

За време на одморот, туристите застануваат на брегот со цел одблиску да го набљудуваат животното.

Алигаторот со огромна брзина отскокнува на бродот, плашејќи ги шокираните луѓе кои започнуваат да врескаат. За среќа никој не е повреден, па ни животното кое завршува во водата.

Иако имаат тешко тело и бавен метаболизам, алигаторите можат да достигнат брзина од речиси 50 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top