| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Бакрачески за Република: Од туризам не се живее

Во интервју за неделникот Република, градоначалникот на Охрид открива дека во ситуација со невработеност од 40 проценти, со 20 проценти помало БДП од државниот просек, и долг од 32 милиони евра без долговите на јавните претпријатија, Охридската власт спасот го гледа во индустриска зона

naslovnaПред 1990 Охрид вработуваше 22 илјади лица во индустријата. Тука постоеја големи индустриски капацитети како ЕМО Охрид, Отекс, Застава- Крагуевац, Слобода, Езерка, Лихнида, Братство,  големи производствени капацитети кои вработуваа со илјадници луѓе.

Сега кога зборуваме за Охрид, со децении на назад, прва асоцијација е дека е голем туристички центар, заборавајќи на реалната слика за тоа каква беше индустриската слика за Охрид. По осамостојувањето и промената на системот, голем дел од нив престанаа да работат, други се приватизираа, но најголем дел од луѓето останаа без работа.

Според податоците од Стопанска комора, Охрид е град со најголема невработеност. Таа изнесува над 40 проценти. Тоа е за 10 проценти повеќе од државниот просек. Исто така, во Охрид дури за 20 проценти е помал Бруто домашниот производ во однос на она што изнесува државен просек.

Па каде се гледа излезот, ова значи дека туризмот не е доволен за развој на Охрид

Тоа што ние го размислуваме за идниот развој на Охрид, на локалниот економски развој не е само туризмот. Сигурно дека приоритет ќе се даде на развој на туризмот како основна дејност на најголемиот дел на луѓето во Охрид, но ќе мора да се завртиме повторно на развој на индустријата на она што со години беше. Затоа имаме за цел, како приоритет брзо да пристапиме кон изградба на Развојна индустриска зона. Во минатите 2 месеци имавме голем број контакти со потенцијални инвеститори од странство, претежно од странство, но и домашни.  Тие пројавија интерес за отворање производствени капацитети претежно од земјоделието , прехрамбената индустрија. Нивниот интерес е голем со голема веројатност  за отворање на нови работни места.

Целото интервју со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески прочитајте го во новиот број на неделникот Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top