| четврток, 6 декември 2018 |

Дуке Бојаџиев: Студиското издание на “Сон-Верба-Љубов” е мој подарок за 2018

Македонскиот композитор кој жиовее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев ни подари студиска снимка со која ни ја честита 2018 година.

-Во изминативе 7-8 години, покрај сите проекти на кои работев, пишував и композиции инспирирани од моите Македонски музички корени. Дел од нив изведов во концертни верзии минатите години, а дел премиерно ќе ги чуете на студиското издание на “Сон-Верба-Љубов”. Ова издание сакам да го споделам со сите вас како еден Искрен подарок со кој Ви ја Честитам Новата 2018 Година, и Ви посакувам и понатаму никогаш да не заборавите да Сонувате, Верувате и Љубите!, напиша Дуке на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top