| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва концертот „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев и пријателите

Вечерва во 19.30 часот во Македонската филхармонија ќе се одржи првиот од двата концерти на македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев со наслов „Сон, верба, љубов“. Со Бојаџиев, на сцената ќе настапат и Тијана, Костас Анастасиадис на тапани, Исмаил Лумановски-кларинет, а актерката Наташа Петровиќ ќе пее песни и ќе чита стихови од Ана Бунтевска.

На програмата ќе биде дел од неговиот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.

– На концертот можеби ќе има малклу повеќе филмски нумери, ќе има фузија од класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација – рече Бојаџиев.

На концертот со Бојаџиев ќе настапат и Мартин Ѓаконовски на контрабас, Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора виолина, Марко Виденовиќ-виола и Марија Михајловска-виолончело.

Последните две години Бојаџиев рече дека главно работел на неколку филмски проекти и авторска музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top