| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Нова година почнува на први јануари?

Идејата првиот ден од јануари да го означи почетокот на новата година датира од времето на Јулиј Цезар, пет децении пред раѓањето на Исус.

Постоеле многу календари пред Цезар да го создаде својот Јулијански календар во 46 п.н.е., кога го означил 1 јануари како официјален почеток на неговата нова година. Тоа бил денот кога започнувал едногодишниот мандат на двајца конзули, највисоко избраните политички претставници во Рим.

Иако Јулијанскиот календар бил широко прифатен, некои области продолжиле да ги користат термините во март и септември како прв ден на Нова Година. Во средновековна Европа, на пример, на дочекот на Нова година се гледало како на пагански обичај па празникот бил поместен на 25 декември, денот кога христијанската црква го користи за да го одбележи раѓањето на Исус и 25 март на празникот на Благовештението.

Во 1570 година папата Гргур го ставил во сила Грегоријанскиот календар, враќајќи го први јануари како првиот ден од Новата година. Оваа промена на традицијата официјално била имплементирана од Англија во 1752 година До тогаш, Англија и американските колонии јаславеле Нова Година на 25 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top