Руска салата, кифлички, Васина торта и свинско печено е она што најчесто го има на традиционалната македонска трпеза за Нова година.
Ние ви предлагаме како да испечете прасечко во рерна.
СОСТОЈКИ:
помало прасе или дел од прасе
сол
малку масло
малку пиво
ПОДГОТОВКА:
Месото добро посолете го, малку засечете ги бутовите, па ставете сол и тука.
Под прасето наредете тенки летви, за месото да не се залепи за плехот. Во плехот ставете малку вода. Вклучете ја рерната на 250 степени па намалете на околу 170 степени.
Можете да го покриете прасето со малку фолија, а подоцна да ја извадите. Повремено месото премачкувајте ги со пиво или со мешавина од масло, вода и сол. Водете сметка во плехот секогаш да има вода.
Кога месото е испечено веќе не додавајте вода.
Потребни се околу 4-5 часа за прасето убаво да се испече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)