| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отвори телефонска линија за туристички поплаки во Охрид

ohrid kej

Општина Охрид ќе отвори посебна телефонска линија на која туристите кои престојуваат во градот ќе можат да ги пријават проблемите кои ги имаат за време на престојот, објави охридското Супер радио.
Според најавеното, телефонската линија ќе се наоѓа во туристичко-информативниот центар кој треба да биде дислоциран во строгиот градски центар, а моментално се наоѓа на влезот на Охрид.
– Туристите ќе можат да пријават одредени проблеми од областа на туризмот, но и за проблеми врзани со такси-превозот. Службите потоа соодветно ќе ја процесуираат секоја пријава – изјави раководителот на Општинскиот сектор за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов за Супер радио.
Тој најави и дислокација на информативниот центар кој сега се наоѓа на влезот во градот, во центарот на Охрид.
– Фреквенцијата на туристи е најголема во центарот на градот и ние затоа се одлучивме овој информативен центар да го префрлиме тука. Во тек е законската постапка за издавање локациски услови и во најскоро време тој центар ќе биде префрлен во строгиот центар на градот – вели Апостолов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top