Твитерџиите ја растргнаа Меланија Трамп, првата дама на САД, која за Божиќ го објави своето прво селфи. Иако под фотографијата Меланија добила многу позитивни коментари, дел од твитер заедницата не ѝ го прости селфито.
Меланија Трамп фотографијата со божиќни мотиви ја објавила од Мар-а-Лаго, резиденцијата која нејзиното семејство ја поседува на Флорида, а во која ги минуваат празниците.
Покрај пораката „Среќен Божиќ”, 47-годишната Меланија заводливо позира, но коментарите кои ги добил сигурно не ги очекувала, пренесуваат американските медиуми.
– Срамно за прва дама, Божиќ или не. Изгледаш ако модел за насловна на „Хастлер“. Претпоставувам дека постарите и сиромашните ќе ја ценат оваа фотографија со која ти и твојот сопруг покажувате како не се грижите за нив, туку само за своите пријатели милионери во Мар-а-Лаго – напишал под фотографијата на Меланија твитерашот со име MzSphalerite.
– Многу навредливо за позицијата прва дама – гласи друг коментар.
– Се сеќавам што мојата баба зборуваше за стилот. Или го имаш или го немаш, без разлика колку пари имаш. Во Белата куќа моентално нема стил – искоментирала “Bluedevilyn.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.