Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), пејачката на Гранд, која на 3 април 2016 година е најдена мртва во каналот полн со вода на насипот Црвенка во Борча, не е убиена на местото каде што е пронајдено нејзиното тело и дефинитивно е убиена еден ден порано.
Нејзиниот убиец добро го познавал насипот, покажуваат резултатите од форензичката 3Д реконструкција, која ја изврши Центарот за форензички истражувања од Нови Сад.
-За време на анализите на местото каде што е пронајдено телото на Јелена Крсмановиќ, воочивме дека насипот е единствеено место од каде што може да се дојде до водата без да се кршат гранки кои обилно растат покрај каналот. Од ова изведовме заклучок дека убиецот или лицето кое го довезло телото на Јелена добро го знаел теренот – вели Ненад Шипка, директор на ЦФИ и додавава дека сходно на тоа убиецот однапред знаел за ова место и дека тука може да пријде и да го фрли телотто, а да не остави трага.
-Се исклучува можноста да е усмртена на насипот, во поблиската или подалечната околина каде што е пронајденото телото. Во поблиската околина не се пронајдени траги од крв – додава Шипка.
Она што е спорно освен местото на злосторството е и датумот и времето на убиството.
-Според нашите истражувања убиството се случило меѓу 1 и 2 апри 2016 година, а не по ден на 2 април, како што тврди Зоран – додал Ненад Шипка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!