| четврток, 6 декември 2018 |

Има само 12 години, а веќе го восхити светот! (видео)

Марија Спасовска има само 12 години, а со вокалните способности звучи како Александра Барк. Со новиот кавер не остава без зборови честитајќи ни ја новата 2018 година со Халелуја.
Зад себе има музичко искуство, со улога на дете ангел во мјузиклот Тајно моја, диплома за 2 лауреат на фестивал Езерски Бисери и дипломи 1 лауреат на меѓународен натпревар Ѕвездички, 2 лауреат на интернационалниот натпревар Зорнија кветки во Минск Белорусија, 3 лауреат на најпрестижниот интернационален натпревар Славјански базар во Витебск…

Во март 2018 ја очекува уште еден меѓународен натпревар Откритија Европа во Москва каде ќе ја претставува Македонија како единствен кандидат од нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top