| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: На пролет очекувам сериозна расправа за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изрази уверување дека на почетокот на следната пролет во Србија ќе започне сериозна расправа во рамки на внатрешниот дијалог за Косово.

За време на постата на градот Лебане во јужна Србија, Вучиќ изјави дека прашањето за Косово е многу важно за земјата и дека е значајно во рамки на внатрешниот дијалог луѓето „да ја зборуваат вистината“.

– Важно е луѓето да можат на секој можен начин да покажат дека можат и сакаат да ги искажат своите различни и спротивставени ставови по прашањето на Косово и Метохија, изјави Вучиќ.

Според него, на тој начин би се покажал демократскиот капацитет на српското општество за дијалог и за обид за решавање на проблемите. иако засега Србија е далеку од решение.

– Се надевам и верувам дека во иднина ќе успееме да ги рационализираме нашите барање и нашата политика и да го зачуваме тоа што му припаѓа на нашиот народ. Верувам дека на почетокот на летото ќе започнеме со тој сериозен процес, потенцира Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top