| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами ја одбрани титулата, Џејмс се израмни со Мајкл Џордан (видео)

Мајами Хит ја освои третата титула во клупската историја, со победа од 95-88 во мајсторката од финалната серија против Сан Антонио спарс.

Леброн Џејмс беше  брилијантен со 37 поени, 12 скока и четири асистенции и токму „кралот“, беше најзаслужен за втората титула во НБА, едноподруго за Хит. Џејмс го доби и признанието за најкорисен играч во финалето.

Во последниот решавачки дуел , ниту еден тим немаше поголема предност  од 7 поени., но Леброн беше разликата што донесе трофеј.

Финалната серија ја заврши со просек од 25,3 поени, 11 скока и седум асистенции, а се израмни со Мајкл Џордан, по тоа што врза две титули, две МВП награди за сезоната и две МВП титули за финалната серија.

Miami Heat's Dwyane Wade and LeBron James with trophies

И втората ѕвезда на тимот Двејн Вејд беше на очекуваното ниво, иако играше повреден. Со 23 поени и 10 скока, Двејн му даде огромна подршка на Леброн.  Вејд секунда по крајот на мечот веднаш истрча кон Данкан да му честита за неговите игри и долг придонес во НБА лигата.

„Тој е мој херој, еден од најголемите играчи во историјата“, изјави Вејд.

Данкан кај Сан Антонио имаше 24 поени, 12 скока и четири украдени топки. Но, во последната четвртина не реализираше четири шута од непосредна близина, и тоа очигледно беше дека не може да си го прости. Легендарниот кошаркар, како и тренерот Грег Попович, прв пат во кариерата загубија финална серија, по четири освоени титули. Досега Спарс имаа 4 од 4 во финалињата на НБА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top