Диего Форлан е жива легенда на уругвајскиот фудбал, а синоќа одново ја потврди светската класа во јубилејниот стоти натпревар за својата репрезентација. Напаѓачот постигна мајсторски гол и имаше и една асистенција во победата на Урусите од 2-1 против Нигерија на Купот на конфедерациите во Бразил. најпрво во 19. минута одлично го пронајде Диего Лугано, а одбранбениот играч лесно погоди за 1-0.
Оби Микел израмни на 1-1 во 37. минута, а Форлан со прекрасен удар ја симна пајажината од противничкиот гол во 51. минута за супер прослава на убавиот јубилеј и за победа на Уругвај. Диего е рекордер на репрезентацијата со 34 погодоци, еден повеќе од Луис Суарез. Уругвај е на прагот на полуфиналето, иако има ист број бодови, по 3 со Нигерија. Урусите ќе играат со слабиот Тахити и им треба победа, а Нигерија ќе мора да слави против Шпанија и да се надева на чудо на вториот меч.
Светскиот првак Шпанија синоќа го декласира Тахити со 10-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)