Во сабота на 30 декември, направен е повик за организирање на протест во Скопје против монтираните случаи врз Албанците во Македонија.
Според соопштението објавено на социјалните мрежи, протестот ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје на 30 декември, во 13:00 часот.
Протестот го поддржува и претседателот на Здружението на политичките затвореници во Македонија, Шпетим Положани.
Ова е повикот! ПРОТЕСТ -И јас сум Ладоришти ’91 -И јас сум Гостивар ’97 – И јас сум продавачот на цигари од Битпазар. -И јас сум Сопот -И јас сум Харун Алиу -И јас сум од Смилковско Езеро -И јас сум од Диво Насеље Сите на плоштадот Скендербег, во сабота, 30.12. 2017, во 13.00 часот
Во ноември Здружението за албанска култура организираше протест за пресудите за „Диво насеље“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.