Шпанија не успеа да ја надмине рекордната победа од 13-0 против Бугарија, но забележа висок триумф од 10-0 против Тахити на Купот на конфедерации во Бразил. Светските прваци си поигруваа со шампионот на Океанија, а промашија и пенал за уште поуверлива победа.
По првото полувреме со двата гола на Торсе и по еден на Вилја и на Силва, „црвената фурија“ имаше предност од 4-0. Во вториот дел Торес даде уште два гола, утна и пенал, а мрежата уште двапати ја тресеше и Вилја, се приклучија повторно и Силва со погодок, потоа и Мата за уверливи 10-0, што е највисока победа на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Претходно рекордот го држеше Бразил со триумфот од 7-0 против Чиле во 1957 година. Шпанија си обезбеди полуфинале, а за вториот патник ќе одлучува дуелот меѓу Уругвај и Нигерија што почнува точно на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“