Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во Владата, каде што ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.
Мицкоски денеска пред Собранието изјави дека во однос на враќањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во собраниските клупи сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на средбата со Заев.
Премиерот вчера му посака среќа на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема предрасуди да се сретне со него.
„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен процес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода“, рече Заев.
Заев додаде дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом е важно со оглед на тоа што доаѓаат двотретински закони за кои се потребни пратениците на опозицијата.
Видео: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)