На една необична студентска забава кокаинот се делел на сребрен послужавник, а имало и садови полни со дрога во облик на пилули.
Дрогираните студенти обожувале да се фотографираат на креветот на кој биле фрлени 100.000 долари, и со оружјето на организаторот на забавите, Ленс Барбарас, кој во бизнисот го вклучил и својот брат Ландон.
Тој работел со уште еден дилер од универзитетот, Даглас Дод, кој работата со таблети ја развил за само три години.
Третиот член на оваа екипа, Џастин Нокс, борач од универзитетот Камберленд, бил уапсен кратко по оваа забава во 2009 година, и тоа било почетокот на крајот за наркодилерите од колеџот.
Дод сето ова го објавил во книгата „Генерација Окси“, каде опишува како направил наркоимперија, која носела по 40.000 долари месечно.
На само 17 години Дод бил уапсен поради поседување на марихуана, па морал да се преориентира на таблети против болки „оксикодон“, кои не се појавуваат на тестовите за дрога.
Толку бил понесен од новата дрога, што почнал и да ја препродава. Не го очекувал успехот кој го снашол. Купил 100 пилули за осум долари парче и ги продал во рекорден рок.
Наскоро продавал по 2.000 пилули месечно, и првиот месец заработил 5.000 долари. Набрзо станал партнер со неколку пријатели и во најпрофитабилниот период заработувале 40 илјади долари месечно.
Но, бидејќи и самите станале зависници, проблемите почнале да се нижат. Дод во 2007 година дипломирал, а веќе во 2008 година се фотографирал како со автоматски пушки нишани во минувачи.
Во октомври 2009 година Дод бил уапсен со своите соработници и притоа биле запленети 100.000 долари, и пилули Оксикодон во вредност од 50.000 долари.
Дод прифатил да соработува со властите и добил 6 години затворска казна, додека Ленс бил осуден на 15 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)