| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец ја заклал сопругата пред 2-годишниот син во Виена

Громорозно убиство се случило утрово во Виена околу 7:30, кога македонски државјанин со кујнски нож ја заклал својата 34-годишна сопруга  пред очите на нивното 2 годишно дете. Како што јавуваат локалните австрски медиуми, 53 годишниот маж и пришол на жената од зад грб и на сред улица со неколку убоди и го одзел животот.

Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено.  Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги ноеле децата во градинка. Тие се обиделе и да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот.

Извори на Прес24 од македонската полиција потврдуваат дека станува збор за македонски државјанин и дека веќе биле контактирани од австриски претставници.

Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се исселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство. Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top