Перо Антиќ во следната сезона ќе настапува за друг европски гигант откако неколку грчки медиуми обелоденија дека раководството на Олимпијакос нема намера да му понуди нов договор на нашиот репрезентативец. Порталот novasports.gr објави дека пред неколку дена имало состанок меѓу тренерот Барцокас и сопствениците на клубот, браќата Ангелопулос, при што шефот на стручниот штаб на Олимпијакос порачал дека Антиќ не му е неопходен во тимот, пишува „Екипа“.
Паралелно со овие информации, грчките медиуми најавија дека „црвено-белите“ се многу близу до ангажман на Брент Петвеј. Станува збор за Американец кој игра на иста позиција како и Антиќ. Тој во последните две сезони бележеше добри статистички бројки во дресот на АГОР во грчкиот шампионат, па според неофицијалните информации веќе ја прифатил понудата за двогодишен договор со Олимпијакос за плата од 270.000 долари по сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


