Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ, порача дека не би се вратил во националниот тим додека федерацијата ја води раководство кое си лечи комплекси. Тој во интервју за српската телевизија “Спортклуб“, изјави дека вратата за настап во македонската репрезентација не му е затворена, но враќањето го условува со промени во Македонската кошаркарска федерација, односно промена на првиот човек, Петар Наумоски.
– Ќе почекаме да видиме што ќе биде со раководството. Додека е ова раководство во федерацијата, не размислувам за враќање во репрезентацијата. Иако станува збор за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми и да си ги лечи своите комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација. Засега, моето враќање во националниот тим е статус-кво, изјави Антиќ.
Околу наградата за кошаркар на годината која не дојде никој да ја прими во негово име, Антиќ има свој коментар.
– Им благодарам, но ете им ја оставив наградата, нека си ја чуваат, додаде центарот на Црвена звезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Перо Антиќ се појави со ретко виден „ѕвер“ вреден 200 000 евра (фото)
-
Голем потег на Антиќ: Перо исполни сон на деветгодишно момче
-
Искри на теренот во Митровица: За влакно избегната тепачка, Aнтиќ очи во очи со тренерот на Бемакс (видео)
-
Перо Антиќ ниту дојде, ниту испрати некого да ја прими наградата од МКФ