| четврток, 6 декември 2018 |

Искри на теренот во Митровица: За влакно избегната тепачка, Aнтиќ очи во очи со тренерот на Бемакс (видео)

Поранешниот капитен на нашата сениорска кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ имаше одличен настап за Црвена Ѕвезда на вечерашното гостување кај Мега Бемакс во Сремска Митровица во последниот меч од 13. коло во АБА лигата.

Ѕвезда оваа средба ја доби со 90-85, но при крајот на мечот, на околу 5 минути до истекот на времето на последната четвртина, дојде до една мешаница на теренот, по груб фаул над соиграчот на Антиќ, Лесор кој беше бутнат на паркетот.

Антиќ веднаш реагираше, во мешаницата се приклучи и Стефан Синовец за на крајот Перо да заврши лице в лице со помошник тренрот на Бемакс, Бојан Љубоевиќ. За среќа, се заврши без физичка пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top