Здружението на Хрвати од Република Македонија, огранок во Битола, вечер организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.
Според програмата, младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.
„Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола“, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.