Македонската филхармонија утре напладне во Македонскиот народен театар ќе изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс – фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма.
– Кон крајот на јануари е концертот „Танц на судбината“ со Мартина Фиљак на пијано од Хрватска и маестро Емил Табаков како диригент, а ќе биде изведен Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Лист и грандиозната Петта симфонија од Густав Малер, една од најдобрите симфонии воопшто, за која посебно се подготвуваме. Следуваат концертите во февруари, првиот по повод Денот на вљубените кој ни стана традиција, овој пат насловен „Некој ме гледа романтично“ со маестро Кеј Скалионе и сопранот Голда Шулц од САД со пригодна програма, додека вториот е, исто така, мошне возбудлив – „Клецмер фешта“ со виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски и диригентот Дорон Соломон, соопшти Филхармонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун