Универзална сала – Скопје и Камерниот оркестар „Скопски солисти“ од Скопје под раководство на проф.М-р Васил Атанасов и оваа година, веќе традиционално како и изминатите години, е организатор и координатор на активностите за традиционалниот Божиќен концерт кој ќе се одржи во Универзална сала – Скопје, на 8-ми јануари, со почеток во 20.00 часот.
Програмата ќе биде реализирана со настап на нашата позната примадона Весна Гиновска – Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, хорското студио „Рустико“, а под диригентската палка на маестро Андреј Андреев, познат бугарски диригент.
-На посетителите ќе им понудиме да уживаат со музиката од познати автори и нивните дела, во програмата ќе се изведуваат дела на Вивалди, Хендл, Моцарт, Чајковски, Запров и Барток. Како и изминатите години очекуваме концертот да предизвика големо внимание кај Македонската музичка публика љубители на класичната музика и Универзалната сала ќе биде исполнета до последното место, заради споредба, минатата година за концертот се бараше карта повеќе, велат организаторите.
Камерниот оркестар „Скопски солисти“ е формиран во 2000-та година по примерот на Загребските и Софиските солисти, на иницијатива на реномираниот македонски обоист проф. Васил Атанасов, кој е и уметнички раководител на оркестарот. Целта е да презентира камерна музика од барок се до современа музичка литература со респект кон македонското музичко творештво.
Ова е трет концерт, кој се одржува во Универзалната сала. Претходно, Божикните концерти беа изведувани на сцената на Домот на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.