Обвинението за даночно затајување и официјално е покренато против најдобриот фудбалер на светот.
На Лионел Меси и неговиот татко Јорге, според пишувањето на „Ел Паис“, им се заканува затворска казна заради затајување на четири милиони евра данок.
Аргентинецот наводно избегнал да плати данок од 2007 до 2009 година, а со татка си лажно прикажувал приходи од рекламните кампањи користејќи ги компаниите во Белизе и Уругвај. Обајцата ги негираат обвинувањата. Меѓу компаниите кои се поврзуваат со Меси се Банко Сабадел, Данон, Адидас, Пепси Кола, Проктер енд Гембл и Кувајт Фуд Компани.
Меси и неговиот татко треба да се појават пред судот во Барселона на 17 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


