| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбедувањето експресно реагираше: Maж се качи на бината и го фати Ердоган за рацете (видео)

Непознат маж се појави на сцената на која вчера говореше турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и тоа веднаш предизвика паника, објави весникот „Хуриет дејли њуз”.

Инцидентот се случил во провинцијата Сирнак. Мажот се обидел да го прегрне Ердоган, но телохранителите го спречиле и го тргнале. Мажот подоцна објаснил дека негова единствена цел била да го прегрне претседателот, но не бил разбран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top