Патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, вчера во 18.10 часот на дел од пругата помеѓу железничка станица-Жеровјане и железничка станица-Гостивар, удрил во поставени камења на пругата, при што од ударот е предизвикана материјална штета. На околу три километри од железничката станица во тетовското село Жеровјане, налетал на камена барикада, поставена на пругата.
Од ударот оштетни се моторот и карданот, поради што возот застанал веднаш по ударот. Повредени патници нема, а железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин. Во 23 часот сообраќајот е нормализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.