Најмалку 55 лица загинаа, а 575 се повредени во вчерашната несреќа на патнички воз во Камерун, соопшти денеска претставник на владата.
Многу луѓе се уште се затрупани на местото на несреќата во Есека.
Најмалку 15 вагони излегле од шините и се превртеле, пренесе ДПА. Возот со 18 вагони, кој патувал од Јаунде за Дуала, бил преоптоварен со стотици дополнителни патници, тврдат очевидци. Според нивните сведочења, старите шини буквално „квичеле“ и се свивале под тежината на возот.
Владата соопшти дека повредените ќе добијат бесплатна медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.