Деца во градинка во Суботица јаделе грав „зачинет“ со камења. Во градинката „Наша радост“ се случил скандал откако на малите дечиња им бил послужен овој „деликатес”.
Според сведоштвата на родителите, ова се случило во четвртокот, а во петокот многумина си ги оставиле децата дома загрижени за нивното здравје. Каменот во гравот го пронашло едно од децата, па случката ја пренело на мајка си, пренесува српски „Ало“.
– Бев надвор од контрола и бесна, детето не го ни однесов во градинка кога видов. Бев на лекар, детето имаше стомачен вирус – вели растревожената мајка.
Таа вели дека хигиената во градинката е многу лоша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.